Авион заврши во океанот откако ја промаши пистата на малиот остров Вено, северо-западно од Папуа Нова Гвинеја.
Локалните власти потврдија дека авионот, кој што патувал за Папуа Нова Гвинеја од Микронезија, ја промашил пистата и паднал во вода во 9 часот и 30 минути по локално време.
Сите 35 патници и 12 членови на екипажот се живи, но авионот целосно потона. Само еден патник е повреден.
Локалните жители со чамци и бродови им помогнаа на патниците да се спасат. Сите патници и членови на екипажот се пренесени во болница, иако кај никој не се забележани посериозни повреди.
Според менаџерот на аеродромот, авионот ја промашил пистата за околу 160 метри, но се уште е непознато која е причината за несреќата.
Од компанијата „Ер Ниугини“ објавија дека несреќата се случила поради лошите временски услови и силниот дожд кој ја намалиле прегледноста на теренот.
Властите на Папуа Нова Гвинеја започнаа истрага.