ВИДЕО: Анонимните извршија хакерски напад на сајтот на турската Влада

Од:

Хакерската групација Анонимните, заедно со Сириската електронска армија изврши хакерски напад врз сајтот на турската Влада, веројатно како одговор на полициското насилство врз демонстрантите во Турција.

Информацијата за нападот врз Интернет страницата на службата на премиерот беше објавена преку Твитер, а денеска Анонимните излегоа со изјава во која велат дека протестите ги кренале на нозе Турците, по долгите години на потиснување од страна на силен режим.

– Стравот ја смени страната – турскиот народ не стравува, стравуваат потиснувачите, нагласија Анонимните.

Тие тврдат дека со нападот се здобиле со адреси од електронска пошта, кодови и телефонски броеви, кои сепак не се објавени.

Monsanto-3

Сириската електронска армија се здобила со над 60 адреси за електронска пошта и кодови.

Цел на хакерски напад биле и други владини сајтови во Турција. Листата на државните институции, чии сајтови биле нападнати е објавена од Анонимните на Твитер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски