ВИДЕО: Американски воен пилот се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон

Од:

Маж се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, соопштија американските служби за итни случаи. Како што јави Би-Би-Си, инцидентот се случил во неделата околу 13 часот по локално време.

Службениците на американската тајна служба успеале да го изгаснат пожарот, по што мажот бил пренесен во болница со повреди опасни по живот.

Американските медиуми подоцна ја цитираа портпаролката на американските воздухопловни сили дека човекот бил активен воздухопловец на американската армија.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како маж извикува „Слободна Палестина“ додека гори, објавија американските медиуми.

На местото на настанот е испратена и Единицата за деактивирање бомби поради загриженост за сомнително возило кое може да биде поврзано со лицето. Но, возилото е прогласено за безбедно откако во него не биле пронајдени опасни материи.

Во инцидентот нема повредени од персоналот на амбасадата, изјави портпаролката на амбасадата за The New York Times.

Во соопштението, израелското Министерство за надворешни работи objavi дека човекот не бил познат на персоналот на амбасадата.

Истрагата на полицијата во Вашингтон, Тајната служба и другите релевантни органи е во тек.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

Нетанјаху потврди: Подготвен сум да се договорам со Хамас, сега одиме на Либан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

ВИДЕО: Израел нападна училиште на ОН во Газа, 27 мртви

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Снимка од Газа стана вирална: Со кујнски нож и ја ампутираат ногата, без анестезија