14-годишен тинејџер е уапсен во главниот град на Тајланд во врска со пукањето во луксузен трговски центар, соопшти полицијата. Како што јави Би-Би-Си Њуз, повикувајќи се на полицијата во Бангкок, тинејџер пукал од пиштол и убил три лица, а ранил четворица.
Снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат како купувачите бегаат од трговскиот центар, кој беше затворен веднаш по известувањето за нападот, како и блиската станица на метрото.
На едно видео, луѓето се кријат во затемнета просторија во ресторанот. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди извештаите или автентичноста на видеото. Локалниот телевизиски канал Канал 3 објави дека од тоалетите во трговскиот центар се слушаат звуци слични на истрели.
На социјалните мрежи се шири и снимка од моментот на предавање на 14-годишен тинејџер.
BREAKING: Shooting incident at Siam Paragon Tuesday afternoon. No casualties reported as of 4.50pm but many shoppers fled the mall. PM Srettha and new police chief heading there.This is a developing story. #Bangkok #Thailand pic.twitter.com/k1hQw8Udnb
— Khaosod English (@KhaosodEnglish) October 3, 2023
Премиерот Сретта Тависин им рече на новинарите дека чека детали за инцидентот. Портпаролот на полицијата Ачајон Краитонг изјави дека началникот на националната полиција испратил полицајци да ја контролираат областа.
Вооруженото насилство е вообичаено во Тајланд. Поранешен полицаец уби 22 деца во градинка минатата година, а војник уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во 2020 година во напад што се случи на четири локации во и околу североисточниот град Након Рачасима.