Вестервеле: Сакаме поинтегрирана ЕУ, со Велика Британија во неа

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле изјави дека ЕУ треба да биде повеќе, а не помалку интегрирана, како и дека се надева оти Велика Британија ќе продолжи да игра активна улога во Унијата.

Неговата изјава доаѓа непосредно по најавата на британскиот премиер Дејвид Камерон дека ќе организира референдум за тоа дали Велика Британија да остане во ЕУ или да ја напушти, доколку победи на следните британски парламентарни избори, кои ќе се одржат за малку повеќе од две години.

Најавата на Камерон предизвика гневна реакција во Германија, како и во другите земји на ЕУ. Вестервеле сигнализира дека Германија би можела да даде поддршка на некои овластувања што сега ги има Брисел да им се препуштат и вратат на земјите членки. Тој сепак смета дека конечното решение мора да биде на сите 27 земји членки.

Шефот на германската дипломатија е против тоа ЕУ да се третира „а ла карт“, односно по принципот земјите-членки самите да одбираат што ним им одговара, не прифаќајќи ги замислите и барањата на Камерон.

Британскиот премиер бара наместо цврсто интегрирана Унија да постои флексибилна и прагматична ЕУ, фокусирана на трговијата и заедничкиот пазар.

Германскиот весник „Билд“ смета дека ваквите гледања и барањата на Лондон за преговори со Брисел претставуваат закана за ЕУ, прашувајки дали Велика Британија сака уништување на Унијата.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, несогласувајќи се со британските предлози, ја спореди ЕУ со фудбалски клуб во кој еден играч, кој му пристапил на тимот и игра во него, сега наеднаш бара да се игра рагби.

Европски дипломати предупредуваат дека евентуалното попуштање на Британците и почнување нови преговори за статусот на Велика Британија, би значеле отворање на „пандорината кутија“ како и парализирање на ЕУ долги години.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он