Вестервеле: Башар ал Асад треба да замине

Од:

Шефовите на француската и германската дипломатија лоран Фабиус и Гидо Вестервеле денеска изјавија дека сирискиот претседател Башар ал Асад треба да се повлече од власта, и покрај тоа што планот на ОН за политички промени во Сирија не ја потенцира неговата идна улога.

Фабиус истакна дека по средбата со германскиот колега дека „Асад е џелат и колку поскоро си замине, толку ќе биде подобро“.

Овој петок Франција ќе биде домаќин на меѓународна средба, на која ќе се направи обид за пронаоѓање начин за прекин на крвопролевањата во Сирија.

Вестервеле ги оцени дејствувањата на сирискиот претседател како „непростливи“ и дека неговото владеење „треба да заврши“.

Германскиот министер денеска заминува за Москва, каде ќе се обиде да го убеди раководството на Русија да зеземе поцврст став кон режимот во Дамаск.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад