Венс: Израел мора да направи повеќе за да достави помош во Газа

Од:

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека Израел мора да направи повеќе за да овозможи доставување помош во Газа.

„Не знам дали сите сте ги виделе овие слики. Имате некои навистина, навистина тажни случаи. Имате мали деца кои очигледно гладуваат. Израел мора да направи повеќе за да ја достави таа помош. И ние исто така мора да војуваме против Хамас за овие луѓе да престанат да спречуваат храна да влегува на оваа територија“, изјави Венс за новинарите во Охајо, според Си-Ен-Ен.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно денес дека САД ќе воспостават „центри за храна“ во Газа за да ја решат кризата со глад и неухранетост.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

ВИДЕО: Објава на Џеј Ди Венс по дебаклот предизвика земјотрес во Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети