Венс: Договорот меѓу Русија и Украина ќе ги остави двете страни незадоволни

Од:

Потпретседателот на САД – Џ.Д. Венс, изјави дека е малку веројатно дека договореното решение за конфликтот меѓу Русија и Украина ќе ги задоволи двете страни и дека секој мировен договор веројатно ќе ги остави и Москва и Киев незадоволни“.

Тоа нема да направи никого особено среќен. И Русите и Украинците веројатно ќе бидат незадоволни од тоа на крајот на денот“, рече Венс во програмата „Sunday Morning Futures“ на Фокс њуз“.

Тој додаде дека целта на САД е да постигнат договор што двете страни можат да го прифатат.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да преговара за крај на војната во Украина.

Трамп изјави дека Русија и Украина се блиску до постигнување договор за прекин на огнот што би можел да го заврши три и полгодишниот конфликт, што веројатно би барало од Украина да се откаже од значителен дел од територијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, сепак, во саботата повтори дека Украина не може да го прекрши својот устав по прашањето на територијалниот интегритет, нагласувајќи: Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите“, според Ројтерс.

Венс рече дека Вашингтон работи на организирање состанок меѓу Путин, Зеленски и Трамп, но дека не смета дека е продуктивно Путин да се сретне со Зеленски пред да разговара со Трамп.

Сега сме во фаза кога се обидуваме да го утврдиме распоредот и слични работи, за да можат овие тројца лидери да седнат и да разговараат за прекин на споменатиот конфликт“, рече Венс.

Би можело да ве интересира

Венс: Израел мора да направи повеќе за да достави помош во Газа

А1он

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Венс: Aко бркате тригодишно дете како дел од политички протест, тогаш сте вистинска п*срана личност

Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите