Велика Британија нема да распоредува војска во Украина

Од:

Велика Британија не планира да распореди борбени трупи во Украина, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.

Запрашан од новинарите да ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека не треба да се отфрли можноста за испраќање западни трупи во Украина, портпаролот рече дека Британија веќе има мал број на персонал во Украина кои ги поддржуваат украинските сили, но не планира да распореди големи број на британски војници.во Украина.

Портпаролот истакна дека голем број украински војници се обучуваат во Британија, како и дека Лондон му дава помош на Киев во оружје и опрема.

Макрон во понеделникот рече дека испраќањето западни трупи во Украина не треба да се исклучи во иднина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека воената алијанса не планира да испрати борбени трупи во Украина, а претходно на идејата на Макрон се спротивстваија и Грција, Словачка, Чешка, Полска, Унгарија и Германија.

Русија денеска му одговори на францускиот претседател Макрон дека доколку француска војска стапне во Украина тогаш е неизбежен воениот судир на Русија со НАТО.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски