„Вашингтон пост“: Трамп би извршил притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би можел да стави крај на војната во Украина со притисок врз Киев да се откаже од некои територии, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани извори.

Планот на Трамп, наводно, се состои од притисок врз Украина да се откаже од Крим и Домба на Русија.

Трамп претходно изјави дека доколку биде избран за претседател на САД на претстојните ноемвриски избори, може да посредува во преговорите меѓу Русија и Украина и да донесе мир за помалку од 24 часа.

Изворите тврдат дека Трамп смета дека Русија и Украина „сакаат да го спасат образот и бараат начин да го прекинат конфликтот“, а населението на Донбас и Крим би било подобро да живее под руска власт.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата