Вано Мерабишвили е нов премиер на Грузија

Од:

За нов премиер на Грузија денеска е именуван Вано Мерабишвили, кој од 2004 година до денеска раководеше со Министерството за внатрешни работи.

Мерабишвили дојде на оваа функција на местото на Ника Гилаври, кој беше претседател на владата од февруари 2009 година.

Новиот грузиски премиер е роден на 15 април 1968 година во село Уде во јужниот дел на Грузија. Од 2002 година е генерален секретар на владејачката партија Единствено национално движење на претседателот Михаил Саакашвили.

Тој се смета за една од највлијателните личности во раководството на земјата.

Шефот на државата Саакашвили многупати го нарекувал „стожер на власта, искусен и паметен работник“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија