Новиот претседател на Австрија, Александер ван дер Белен во своето прво обраќање до јавноста, по положувањето на заклетва, истакна дека сака да биде претседател на сите граѓани, оценувајќи дека Европската унија е мировен проект во кој треба да се вложи напор за да се зачува.
– Сакам да бидам претседател на сите кои живеат во Австрија, истакна Ван дер Белен потсетувајќи дека е дете од бегалско семејство и оти му е посебна чест што како таков стана шеф на државата.
Тој се заложи за промени кои би донеле бенифит за граѓаните, а тоа е, како што истакна, можно само ако постои единство.
Ван дер Белен потенцира дека се залга за неутралност на Австрија, која извршила злосторства, но дека и нејзините граѓани биле жртви.
– Сметам дека тоа е најтемниот дел на историјата на Австрија и не би требало никогаш да биде заборавен, посочи Ван дер Белем.
Тој го потенцира значењето на ЕУ за мирот на стариот континент.
– ЕУ е простор на мир, слобода и благосостојба, од каде е исфрлено насилството во односите меѓу државите. Меѓутоа, Европа е нецелосна и ранлива, истакна Ван дер Белен додавајќи дека „постои опасност граѓаните да бидат маѓепсани од едностави одговори и се да тргне во правец на национализам и мали држави“.
Тој нагласи дека како претседател нема да се обраќа еднаш неделно, бидејќи нема намера да собира политички поени, туку да биде достапен за граѓаните.
– Ќе бидам надпартиски претседател, кој ќе биде отворен за сите граѓани, истакна Ван дер Белен.