Украинскиот парламент денеска го прифати предлогот на претседателот Петро Порошенко, министер за одбрана да биде Валериј Хелетеј.
Врховната рада исто така изгласа началник на Генералштабот да биде генерал Виктор Муженко.
Хелетеј (46) долговреме работеше во Министерството за внатрешни органи. Од 2007 до 2009 година тој беше началник на Управата за државна безбедност.