Лех Валенса, основачот на „Солидарност“ и поранешен претседател на Полска, упати повик до рускиот претседател Владимир Путин да ги помилува трите руски панкерки од групата „Pussy Riot“.
Во писмо до Путин, Валенса, кој му напиша и писмо на Путин, апелира да го искористи своето претседателско право да помилува и да размисли за измена на законите што дозволуваат некој да биде затворен заради изразување мислење.
Валенса, сепак не го одобрува настапот на панкерките, бидејќи за место на револт против Путин, ја избрале црквата.
„Храмовите не треба да се користат за политички битки“, напишал Валенса.
Трите девојки се осудени на две години затвор.