Вафа: Повеќе од 100 цивили загинаа во израелските воздушни напади врз Рафах

Од:

Здравствените власти во палестинскиот град Рафах соопштија дека од вчера во израелското бомбардирање загинале повеќе од 100 цивили, меѓу кои жени и деца, а неколку стотици луѓе се ранети, пренесе палестинската новинска агенција Вафа.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека Израел извршил тешки воздушни напади, главно врз центарот на градот и дека биле погодени станбени области во близина на седиштето на палестинската организација.

Директорот на кувајтската болница во Рафах, Сухаиб ал Хамс изјави дека болницата е полна со тешко ранети луѓе и нема доволно лекови и медицинска опрема.

Локалните извори наведуваат дека израелски авиони извршиле околу 40 напади, а цел биле бројни куќи и џамии, каде се наоѓаат раселените лица.

Би можело да ве интересира

Хамас ги отфрла идеите на Трамп за раселување на Палестинците од Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата

Горан Наумовски

Трамп: САД сакаат да го заземат Појасот Газа

Хамас: Почнуваат нови преговори за ставање крај на војната во Газа