Усвоена е декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Од:

На самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел вечерва беше усвоена декларација во која тие ја потврдуваат целосната и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ и велат дека иднината на регионот лежи во Унијата.

Воедно, се подвлекува дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот и се оценува дека има нова динамика во процесот на проширување и значителен напредок од последниот самит.

„Во наш взаемен интерес е да го забрзаме пристапниот процес врз основа на кредибилните реформи на партнерите, условите и принципите според нивните сопствени заслуги“, се вели во декларацијата.

Би можело да ве интересира

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Пукање на метро станица во Брисел, неколку линии запрени

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Мицкоски, Муцунски и Муртезани во Брисел