Ураганот Марија усмрти седум лица на Доминика

Од:

Премиерот на Доминика, Рузвелт Скерит, изјави денеска дека, откако ураганот Марија го погоди малиот карипски остров, загинале најмалку седум лица.

– Се уште е тешко да се одреди колку лица загинаа како последица од ураганот, но засега е потвредено за седум смртни случаи, наведе Хартлеј Хенри, советникот на доминиканскиот премиер.

– Ураганот се движи над Порторико, а во Сан Хосе ветрот е со јачина од 182 километри на час. Центарот на ураганот беше во близина на местото Јабуко во југоисточниот дел на островот и со разорна сила на малиот карипски остров Доминиканска Република, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Во Порторико, речиси 900.000 граѓани останаа без струја поради ураганот.

Од силината на ураганот многу куќи се без покриви и со скршени прозорци. Едно дрво падна и врз возило на брзата помош.

Граѓаните кои побараа засолниште во театарот во Сан Хосе се преместени на вториот и третиот кат од зградата.

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело претходно предупреди дека Марија може да го погоди островот со разорна сила каква досега не е видена.

– Ќе изгубиме голем дел од инфраструктурата на Порторико, рече тој и додавајќи дека се очекува и прекин во снабдувањето со електрична енергија и комуникациските врски.

Властите ги предупредија граѓаните кои имаат куќи со дрвена или слаба конструкција да се засолнат во посигурни прибежишта.

– Мора да се евакуирате. Во спротивно ќе настрадате. Не знам како појасно да ви го кажам тоа, истакна Хектор Пескер, комесар за јавна безбедност на островот.

Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека едно лице настрада како последица на ураганот Марија на островот Гваделуп, а беше пријавено и исчезнување на две лица. Според локалните власти, лицето настрадало од пад на дрво.

Ураганот Марија е втора силна бура, која овој месец ги погоди Карибите, јужниот брег на островот Гваделуп, движејќи се кон северозапад во правец кон Американските Девствени Острови и Порторико.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Порторико и на Американските Девствени Острови и го овласти Секретаријатот за внатрешна безбедност и Федералната агенција за вонредни ситуации да ја координираат помошта.

Порторико со децении беше поштеден од силни бури, а последниот ураган од четврта категорија го погоди островот во 1932 година.

Би можело да ве интересира

Ураганот Марија го остави Порто Рико без струја, експертите стравуваат дека тоа може да трае со месеци

Наум Локоски

Порторико целосно без струја по налетот на ураганот Марија

Наум Локоски

Прва жртва на ураганот Марија на Гвадалуп

Наум Локоски

Франција издаде црвено предупредување за ураганот Марија на Карибите

Наум Локоски

Франција предупредува на ураганот Марија на Карибите

Наум Локоски