Ураганот Марија го остави Порто Рико без струја, експертите стравуваат дека тоа може да трае со месеци

Од:

Ураганот Марија повторно зајакна во ураган од трета категорија и го остави Порто Рико целосно без електрична енергија и во рушевини, а според експертите островот може да остане без струја со месеци.

Марија е најсилниот ураган што го погодил Порто Рико во последните 80 години, а поради немањето струја се уште е тешко да се утврди вкупната штета направена од ураганот.

Ураганот со ветрови од над 185 километри на час се движи северозападно со брзина од 15 километри на час и во моментов поминува низ Доминиканската Република.

– Кога ќе излеземе надвор ќе го видиме целиот остров уништен. Информациите кои што ги добиваме не се ветувачки, ураганот уништил се пред него, изјави Абнер Гомез, директор на секторот за итни случаи на Порто Рико.

Досега се забележани 10 смртни случаи од ураганот Марија: два во Гвадалупе, седум во Доминика и еден во Порто Рико, но претпоставките се дека ќе има повеќе.

Марија го погоди Порто Рико како ураган од четврта категроија, но неговата сила се намали на втора категорија. По враќањето на море повторно доби на сила пред да ја удри Доминиканската Република.

Властите не можат да соопштат кога точно ќе се врати електричната енергија на островот, бидејќи системот бил оштетен уште пред налетите на ураганите Ирма и Марија. Според дел од експертите за целосно враќање на струјата на островот ќе бидат потребни недели, ако не и месеци.

Градоначалникот на еден град на северниот дел од островот изјавил дека околу 80 отсто од куќите во тој дел се уништени.

Би можело да ве интересира

Порторико целосно без струја по налетот на ураганот Марија

Наум Локоски

Ураганот Марија усмрти седум лица на Доминика

Наум Локоски

Прва жртва на ураганот Марија на Гвадалуп

Наум Локоски

Франција издаде црвено предупредување за ураганот Марија на Карибите

Наум Локоски

Франција предупредува на ураганот Марија на Карибите

Наум Локоски