Уништена џамија во Триполи

Од:

Едно светилиште и џамија на следбениците на суфизмот, се уништени во Триполи.

Светилиштето е уништено со багер. Неколку часа подоцна, група со булдожер ја уништи и џамијата.

Полицијата го затвори патот кон џамијата, но не ги спречи напаѓачите да ја уништат.

Суфизмот е учење за внатрешната, мистична димензија на исламот, а неговите следбеници веруваат дека се најсовршени ученици на таа религија. Раширен е во земјите во Африка, особено во Мароко и Сенегал.

Нивни светилишта кои се многу значајни се во Кина, Пакистан, Индија. Ги имаше и во Турција, но со закон уште од 1937 година таа група е забранета, а во Иран се предмет на контроверзи, борби и апсења.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад