УНИЦЕФ: Најмалку 17 деца загинаа во Јемен од почетокот на годинава

Од:

Најмалку 17 деца загинаа во Јемен од почетокот на оваа година, покажуваат податоците на УНИЦЕФ. Насилството нагло ескалира од почетокот на годината, се наведува на веб-страницата на УНИЦЕФ.

Се додава дека од почетокот на годината се убиени најмалку 17 деца, што е повеќе од двојно во споредба со цел декември минатата година.

„Децата во Јемен се првите што ја плаќаат цената, еден од најбруталните вооружени конфликти во поновата историја трае речиси седум години“, се вели во соопштението на организацијата.

УНИЦЕФ ги повика сите страни во Јемен да го почитуваат меѓународното право и да ги заштитат цивилите, вклучително и децата.

„Цивилите и цивилните објекти, вклучително и образовните и здравствените институции, не треба да бидат цел и мора да се почитуваат“, се вели во извештајот.

Од почетокот на конфликтот во 2014 година, речиси 10.000 деца во Јемен се убиени или повредени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида