Унгарија почна да гради нова ограда на својата јужна граница со Србија, согласно напорите да го спречи слободниот влез на мигранти и бегалци во својата земја.
Унгарската државна телевизија објави дека долж краткиот дел на границата се тестираат два вида на ограда пред да започне изградбата.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во август изјави дека е потребна поцврста ограда, која ќе содржи и опрема за електронски надзор, во случај на нов бегалски бран.
Унгарија минатата година изгради ограда од бодликава жица долж 175- километарската граница со Србија, како и на краткиот дел долж границата со Хрватска.