Улични борби во центарот на Луганск

Од:

Улични борби се водат во центарот на источниот украински град Луганск, меѓу владините сили и проруските бунтовници, соопшти украинскиот воен портпарол Андриј Лисенко.

Лисенко рече дека еден кварт на градот е ослободен.

Луганск, еден од упориштата на проруските бунтовници во Источна Украина, е под контрола на сепаратистите од април.

– Петнаесет тела биле откриени вчера на местото на вчерашниот ракетен напад врз колона бегалци крај градот, додаде Лисенко.

Операцијата за пребарување на тела била прекината поради борбите.

Украинската Влада ги обвини за нападот бунтовниците, додека тие демантираа оти стрелале врз бегалците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми