Украинските сили соборија руски авион

Од:

Во доцните часови на 14 јануари, воздухопловните сили на Украина соборија руски извидувачки авион А-50 над Азовското Море, пренесува „РБЦ Украина“.

Според нивните тврдења, А-50 бил соборен околу 21:15 часот по локално време во областа Кириловка во Запорожје, по што авионот исчезнал од радарот и престанал да комуницира.

Украинските медиуми тврдат дека пилотот на рускиот Су-30 видел како неидентификуваниот авион се запалил и се урнал.

Исто така, медиумите јавуваат дека на 14 јануари околу 21 часот украинската армија го соборила авионот Ил-22М11 со број 75106 во областа Стрелков во областа Hерсон.

Поради причинетата штета, екипажот на авионот побарал евакуација и повикал брза помош и пожарникари.

„РБЦ Украина“ го објави пресретнатиот разговор меѓу пилотот на авионот и контролорот на аеродромот во Анапа, а автентичноста на снимката не е потврдена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски