Украинските сили не дозволуваат цивилите да го напушти Славјанск, тврдат сепаратистите

Од:

 Украинските единици, кои го опколија градот Славјанск, не им дозволуваат на цивилите да го напуштат градот и пукаат врз нивните превозни средства, изјави претставник на проруските сепаратистички „сили за самоодбрана“.

– Градот е опколен, но не ги пуштаат мирните жители да излезат од него. Неодамна семејство со мало дете се обиде со својот автомобил да замине, но врз нив беше пукано и притоа загинаа најмалку две лица, соопшти истиот извор.

Според него, како што јави ИТАР-ТАСС, на контролните пунктови околу градот се појавиле засега непознати луѓе во црни униформи.

– Можеме да претпоставиме дека се тоа луѓе од „Десен сектор“, но засега немаме точни податоци за ова прашање, додаде претставникот на проруските сепаратисти.

Освен тоа, според него, сепаратистите имаат информации и дека кон Славјанск „се приближува артилерија“, како и дека украинските единици се опремувале за гаѓање од ракетниот систем „Град“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми