Украинските сили ја повратија контролата врз Мариопољ

Од:

Украинските сили денеска ја повратија контролата врз градот Мариопољ, а во операцијата беа ранети четири лица.

Претседателот на Украина Петро Порошенко нареди таму привремено да се префрли обласна администрација на Доњецк, соопшти прес-службата на претседателскиот кабинет.

– Благодарение на хероизмот на украинските воени сили ситуацијата во Мариопољ е стабилизирана. Во врска со тоа сметам дека е соодветно доњецката обласна администрација таму да ја префрли својата работа, рече претседателот и додаде дека преместување ќе почне уште денеска.

Порошенко побарал од гувернерот на областа Серхиј Тарута преместување на администрацијата, чија зграда во Доњецк веќе два месеци е под контрола на проруските сепаратисти, кои таму го поставија својот штаб.

Во денешните судири се ранети четворица војници од специјалните единици, при што еден од нив е во тешка состојба, соопшти Националната гарда, составена од доброволци под команда на Министерството за внатрешни работи на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми