Украинските сили гранатираат станбени квартови во Луганск

Од:

Украинските војници денеска извеле артилериски напади врз станбени квартови во Луганск, соопшти ИТАР-ТАСС, цитирајќи го штабот на проруските доброволци во самопрогласената „Луганска Народна Република“ (ЛНР).

Според податоците на штабот, контиунираниот напад бил изведен со ракетните системи „Град“.

„Во градот горат неколку згради, има ранети, по улиците завиваат возилата на брзата помош. Според очевидци, цел на нападот била фабриката за акумулатори, што се наоѓа во близина на автобуската станица. Жителите итно бегаат во засолништата или го напуштаат реонот на гранатирањето, соопштија од штабот.

ИТАР-ТАСС јавува и за неколку експлозии во реонот на аеродромот.

Според податоците на прес службата на „ЛНР“, украинските сили ги гранатирале и реоните крај градовите Краснодон, Свердловск и граничниот премин „Изварино“ на границата со Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми