Украинските сили „го ослободија“ аеродромот во Луганск

Од:

Украинските вооружени сили вчера успеаја „да го ослободат“ аеродромот во Луганск во источна Украина, кој беше опколен на проруските сепаратисти, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Штабот за антитерористички операции го извести претседателот Петро Порошенко дека украинските вооржуени сили при судирите стигнале до аеродромот во Луганск, соопшти претседателската палата на својот Фејсбук профил.

Украинската авијација изврши напади врз силите и опремата на бунтовниците во близина на аеродромот, исто така и во околината на други околни градови, се додава во соопштението.

Аеродромот во Луганск, кој беше затворен со недели беше под контрола на владините сили, но опколен од сепаратистите и речиси недостапен. Тој се сметаше за еден од важните одбранбени позиции на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми