Украинските сили ги протераа приоруските сепаратисти од градската управа во Мариупол

Од:

Украинските сили за безбедност ја зазедоа зградата на градската администрација во источниот пристаништен град Мариупол.

Според украинскиот телевизиски „Канал 5“, до „ослободување на зградата дошло по жестоки судири“ во текот на изминатата ноќ со проруските сепаратисти, кои го имаа запоседнато објектот.

Припадници на украинската Национална гарда ги протерале и проруските сепаратистички активисти, кои го блокираа главниот градски булевар со изгорени автомобилски гуми и еден опожарен тролејбус.

ИТАР-ТАСС јави дека во соопштение на официјалниот сајт на Мариупол се наведува  дека сепаратистите во текот на ноќта биле избркани од зградата на градската управа, но дека луѓето од околните куќи не слушнале никакви истрели.

Во центарот на градот во близина на зградата на градскиот совет, дежураат екипи на брзаѕа помош, но од нив никој не побарал медицинска помош, се наведува во соопштението.

Во него, исто така, се забележува дека изминатата ноќ во Мариупол немало регистриран случај на ранување со огнено оружје.

Луѓе во работнички одела утринава ги растураат барикадите, а од двете страни на зградата работат багери, наведува ИТАР-ТАСС.

Според руската агенција, синоќа во напад на маскирани лица врз контролен пункт на сепаратистите во Мариупол загинал еден човек, а тројца други биле ранети. Според сепаратистите, маскираните напаѓачи биле припадници на десничарската организација „Десен сектор“ и на владините безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми