Украинскиот Парламент го усвои денеска законот за амнестија на учесниците во настаните во Донбас. За законот поднесен од претседателот Петро Порошенко гласаа 287 пратеници при минимално неопходни 226 гласови, јави ИТАР-ТАСС.
Усвоениот закон за амнестија ги одредува и условите под кои соодветните лица се ослободуваат од кривична и административна одоговорност.
Поднесените предлог-закони од страна на Порошенко вклучуваат самоуправа на источноукраинските територии околу Доњецк и Луганск, контролирани од проруските сепаратисти, предвремени локални избори во тие региони и амнестија за сите учесници во конфликтот.