Украинскиот парламент ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство

Од:

Украинската Врховна рада (Парламент) денеска ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство, пренесоа светските агенции.

„Историска одлука. Истанбулската конвенција е ратификувана“, се вели на официјалниот Твитер профил на украинскиот Парламент.

Според официјалното пребројување, 259 пратеници гласале „за“, 8 гласале против, 28 гласале со празни ливчиња и 47 биле воздржани.

„Историски настан што ќе не однесе уште побрзо во Европската унија“, напиша на Твитер Александар Кориненко, првиот заменик-претседател на Парламентот.

Постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергиј Кислица рече дека „претседателот Володимир Зеленски и сите пратеници кои гласаа за ратификација прекинаа уште една алка што ја држеше Украина во рускиот свет“.

Ратификацијата на овој меѓународен договор ќе ја „консолидира долгорочната посветеност на Украина за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство“, рече Олга Стефанишина, заменик-премиер за европска интеграција на земјата.

Конвенцијата, која беше усвоена во Истанбул од 47 земји-членки на Советот на Европа во 2011 година, стана првиот европски договор во оваа насока.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он