Украинскиот министер за одбрана ветува „победничка парада на Крим“

Од:

Новиот украински министер за одбрана Валериј Халетај вети денеска дека војската на Украина ќе одржи „победничка парада“ на Крим во, како што рече,„украинскиот Севастопол“.

Зборувајќи во Парламентот во Киев, веднаш по изборот за министер,Халетај (46) рече-„Верувајте ми,ќе има парада на победата и бидете сигурни во тоа дека ќе има парада во украински Севестопол“.

Неговото ветување за победа и за враќање на Крим,како и за обнова на територијаниот интегритет на земјата,што е нарушен подолго време,затоа што властите во Киев немаат контрола врз Крим и врз големи делови на Истокот од земјата,пратениците го поздравија со аплауз.

Во март годинава,Русија извршија анексија на Крим,по контроверзниот референдум спроведен на полуостровот.Иако огромното мнозинство од гласачите се определија за приклучување на Крим кон Русија,означувајќи го тоа како историско враќање на полуостровот кон својата матица,владата во Киев и межународната заедница одбиваат да ги прифатат неговите резултати.

Украина и Русија подолго време се спорат околу Крим,на кој е сместена руската црноморска флота.Овој полуостров беше дел од руската територија во времето пред и по Октомвриската револуција во 1917 година,се до 1954 година,кога со одлука на тогашната Комунистичка Партија на Советскиот Сојуз,Крим и беше админстративно предаден на Украина,во тоа време само една од шеснаесте советски републики.

Москва изминатите три месеци забрзано врши интегрирање на Крим со Русија,а сите жители на полуостровот кои во големо мнозинство се Руси,добија одново руски пасоши. Ветувањето на новиот украински министер доаѓа во време кога владата во Киев ја обнови војната против „терористите“ во Луганск и во Донецк,а официјална Москва ги обвинува Украинците за продоленото убивање на цивили.

Од април до сега,во судирањата со проруските сепаратисти се убиени повеќе од 250 цивили.Над 200 украински војници загинаа,а други 600 се ранети во борбите,додека бунтовничките сили имаат околу 800 жртви. Над 110 илјади луѓе побегнаа од Украина на руска територија,додека 54 илјади лица се третираат како внатрешно раселени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми