Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги нарече терористички, руските ракетни напади врз воената база наречена Меѓународен центар за мир и безбедност, која се наоѓа западно од Лавов, во близина на полската граница.
Резников додаде дека во воената база работат странски инструктори.
„Ова е нов терористички напад врз мирот и безбедноста во близина на границата на ЕУ и НАТО. Мора да се преземе акција за да се запре ова. Затворете го небото!“, рече тој.