Украински војник ранет во судирите во Славјанск

Од:

Еден украински војник е ранет минатата ноќ за време на судирите во градот Славјанск во источно украинскиот регион Доњецк, каде денеска се одржува референдум за самоопределување во организација на проруските сепаратисти.

Како што соопшти денеска Министерството за одбрана на Украина, војникот бил ранет при експлозија на минофрлачка граната за време на судирите меѓу украинските безбедносни сили и проруските сепаратисти во реонот на телевизиската кула во Славјанск.

Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономаров информира дека проруските сепаратистички „сили за самоодбрана“ не претрпеле никакви загуби за време на судирите.

Во текот на ноќта во градот се слушале детонации од тешко оружје што траеле околу еден час, како и интензивни истрели од автоматско оружје.

Од утрово градот е под блокада на украинските безбедносни сили и состојбата е мирна.

Според западните медиуми, состојбата е тензична и во гадот Мариупољ на Азовското Море, каде при судири во петокот загинаа најмалку седум лица.

Инфомации за повремени истрели и судири доаѓаат и од други реони во источна Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми