Украински тенкови влегоа во Русија

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин му наложи на Министерството за внатрешни работи да испрати демарш до Украина, поради нарушување на меѓудржавната граница, затоа што два тенка на украинската војска влегоа на територија на Русија, пренесуваат агенциите.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков рече дека станува збор за два украински тенкови, кои ја преминале границата со Русија, по што граничарите ги заробиле.

Според зборовите на Василије Малајев од пограничната војска на Федералната служба за безбедност во Ростов, посадата со едниот тенк пристигнала во близина на Милеров во Русија, каде што го оставиле тенкот и пеш побегнале во Украина, а кога потоа се вратиле по тенкот, биле приведени, пренесуваат руските медиуми.

-Овој обид го оневозможиле граничарите. Тенкот е разоружан и е спроведена детална истрага-рекол Малајев.

Претходно украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков изјави дека три руски тенкови поминале покрај пункт во Лауганск, кој го контролираат проруски сили и влегле на украинска територија. Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми