Украински специјални сили упаднаа во зградата на градскиот совет во Мариупол

Од:

Украински специјални единици упаднаа во зградата на градскиот совет во Мариупол, Доњецка област, соопшти прес-центарот на прорурските сепаратисти.

Од прес-центарот истакнаа дека сепаратистите ги држат позициите, Тие запалиле барикади од автомобилски гуми. Сообраќајот по околните улици, меѓутоа, не е запрен.

Градскиот совет во Мариупол во изминатите два дена минуваше под контрола и на украинската армија, и на проруските сепаратисти. Во изминатата ноќ командоси од украинската специјална единица „Омега“ упаднале во зградата и употребиле непознат отровен гас.

– Во зградата имаше 60 лица. Седумнаесет беа парализирани, и не можеа да излезат, соопштија од прес-центарот на сепаратистите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми