Украински полицајци ја напуштија зградата во Луганск, оставајќи го оружјето на проруски демонстранти

Од:

Украинските полицајци, кои беа под опсада од вчера попладне во локалната зграда на полицијата во градот Луганск, синоќа ја напуштија зградата оставајќи го своето оружје на проруски демонстранти.

Околу 22 часот и 40 минути по локално време триесетина полицајци излегоа од зградата, меѓу две редици цивили и вооружени мажи, по што се качија на автобус. Насобраната толпа пред зградата извикуваше „Вратете се дома“.

Судбината на оружјето на полицијата беше предмет на неколкучасовни преговори. Околу 21 часот еден од лидерите на бунтовниците преку мегафон изјави дека оружјето ќе мине под контрола на народната полицијата на Луганск. Претходно тој ги увери полицајците во зградата дека можат мирно да ја напуштат зградата.

Опасадата на зградата почна рано попладне, откако демонстранти ги заземаа без ниту еден испукан куршум локалната администрација, управа и регионална телевизија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми