Украински критичар на Зеленски, пронајден мртов во Русија

Од:

Илја Кива, поранешен пратеник во украинскиот Парламент е пронајден мртов во областа Одинцово во московската област, пренесува рускиот државен медиум РИА Новости, повикувајќи се на итната помош.

Поранешниот украински пратеник Илја Кива, наводно, бил пронајден со убодна рана во главата, пренесува RT.

Илја Кива имаше 46 години и беше познат како упорен критичар на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Последната објава на Телеграм ја посвети на колапсот на политиката на Владимир Зеленски и го повика да се самоубие, пренесува Спутник.

Тој е познат по тоа што го критикуваше официјален Киев, поради што побара политички азил во Русија. Во Украина тој беше обвинет за предавство. Тој минатата година објави дека офицерите на ФСБ и ГРУ го спречиле неговото убиство. Убиството требало да го извршат поранешни разузнавачи на блискоисточна земја кои за таа цел отпатувале во Русија. Поранешниот парламентарец појасни дека не ги видел своите потенцијални убијци и дознал за опасноста што му се заканува по завршувањето на операцијата.

Во ноември оваа година, судот во Лавов го осуди Кива во отсуство на 14 години затвор со конфискација на имот.

Би можело да ве интересира

Украина не е подготвена за преговори со Русија за ставање крај на војната

Медведев: Русија е подготвена за разговори со Украина

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Бербок: На Украина и требаат долгорочни безбедносни гаранции

Баталјон составен од поранешни украински војници се бори на страната на Русија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски