Украински критичар на Зеленски, пронајден мртов во Русија

Од:

Илја Кива, поранешен пратеник во украинскиот Парламент е пронајден мртов во областа Одинцово во московската област, пренесува рускиот државен медиум РИА Новости, повикувајќи се на итната помош.

Поранешниот украински пратеник Илја Кива, наводно, бил пронајден со убодна рана во главата, пренесува RT.

Илја Кива имаше 46 години и беше познат како упорен критичар на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Последната објава на Телеграм ја посвети на колапсот на политиката на Владимир Зеленски и го повика да се самоубие, пренесува Спутник.

Тој е познат по тоа што го критикуваше официјален Киев, поради што побара политички азил во Русија. Во Украина тој беше обвинет за предавство. Тој минатата година објави дека офицерите на ФСБ и ГРУ го спречиле неговото убиство. Убиството требало да го извршат поранешни разузнавачи на блискоисточна земја кои за таа цел отпатувале во Русија. Поранешниот парламентарец појасни дека не ги видел своите потенцијални убијци и дознал за опасноста што му се заканува по завршувањето на операцијата.

Во ноември оваа година, судот во Лавов го осуди Кива во отсуство на 14 години затвор со конфискација на имот.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ни требаат пари, конфликтот мора да заврши оваа есен

Во близина на зградата на украинскиот парламент во Киев се пронајдени останки од соборен руски дрон

Зеленски: Андриј Сибих ќе биде нов шеф на дипломатијата

Нов руски напад во Киев, одекнуваат експлозии

Хиперсонична ракета падна врз центарот на Лавов, има загинати

Кулеба поднесе оставка

Горан Наумовски