Украинската војска го контролира главниот град, тврди официјален Киев

Од:

Главниот град на Украина е целосно под контрола на украинските војници, а сите информации за наводна целосна опколеност на градот од руски сили се лажни, изјави Михаило Подољак, советник на укрианскиот претседател.

„Многу медиуми шират лажни вести дека Киев е наводно опколен од руски војници. Русите можат само да сонуваат за тоа. Киев е целосно под контрола на украинските трупи. Во градот може да се влезе. Престрелки има во некои предградија, имаше и жестоки судири. Но, престолнината нема да ја дадеме. Ова е нашиот главен град, нашата земја“, изјави тој.

Подољак уште предупреди дека во Украина нема место за руска војска. „Тие треба да ја напуштат нашата земја, и да ги понесат во сандаци телата на нивните соборци што скапуват по полињата. Не можеме ниту да ги изброиме, уште помалку да ги собереме, борби се водат насекаде, додава тој, истакнувајќи дека руската страна нема да успее да ја прикире реалноста со своите фалсификати.

Претходно беа лиферувани информации со наводни изјави на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, како вели дека Киев е опколен и оти е невозможна евакуација. Кличко самиот подоцна ги демантираше таквите информации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски