Украинската Влада подготвена за разговори, но не и со „терористите“

Од:

Украинската Влада е подготвена да разговара за решавање на кризата во земјата со политичките партии и регионалните функционери во источните региони, но не и со „терористите“, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

– Апсолутен приоритет на Владата на Украина е сеопфатниот национален дијалог со учество на политичките сили, регионалните претставници и јавноста, се наведува во соопштението. – Но, дијалогот е невозможен и незамислив со терористите, нагласи укринското МНР.

Проруските сепаратистички активисти, кои моментно контролираат поголемо подрачје во источна Украина, Киев ги нарекува „терористи“ или „бандити“, кои „ги поддржува Русија со цел да се дестабилизира Украина“.

Москва ги негира овие обвиненија, наведувајќи дека Русите, кои живеат во источна Украина само сакаат да ги одбранат своите права од евентуални напади на прозападната украинска Влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми