Украинската централна банка беше принудена да ја затвори својата филијала во Доњецк

Од:

Украинската централна банка соопшти дека ја затворила својата филијала во Доњецк и го евакуирала персоналот по заканите од локалните сепаратисти, кои барале пари.

– Претставници на самопрогласената Доњецка народна република побарале поголема парична сума и се заканија дека доколку бидат одбиени ќе „ја прочистат локалната филијала“ на Централната банка, се наведува во изјавата на финансиската институција.

– За да ги заштитиме животите на нашите вработени беше одлучено да се спроведе евакуација на персоналот и да се стопираат трансакциите во Доњецката област, се додава во соопштението.

Голем дел од Доњецката област е под контрола на проруски вооружени бунтовници. Доњецката и соседната, Луганска област прогласија независност по референдумите во неделата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми