Украинската армија продолжува со бомбардирање на Славјанск

Од:

Украинската војска продолжува со артилериско гранатирање на градот Славјанск, соопшти портпаролката на прорускиот градоначалник, Стела Хорошева.

– Неколку гранати експлодираа во центарот на градот, истакна Хорошева, додавајќи дека бомбардирањето е „помалку интензивно“ отколку претходните ден и ноќ.

Борци на проруската сепаратистичка „народна милиција“ денеска во близина на Славјанск уништиле најмалку еден повеќелансирен ракетен систем (МЛРС), а локалното население се обидело да го напушти градот.

– Градот најмногу е бомбардиран во периодот од девет до 13 часот, кога луѓето или се обидувале да заминат со автобуси или биле евакуирани со помош на волонтери, изјави Хорошева, нагласувајќи дека украинската војска им овозможила на жените и децата да ја напуштат зоната на воени дејствија.

Таа во врска со медиумските тврдења дека украински војници донеле контејнери со хемиско оружје на аеродромот во градот Краматорск, на 10 километри од Славјанск, кој е под контрола на украинската Национална гарда, истакна дека „одамна знаат за тоа хемиско оружје“.

– Одамна имаме слушнато за хемиското оружје. Нас не не изненадуваат какви било акции од Киев, потенцира Хорошева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми