Украинската армија прeзеде контрола врз градот Авдеевка

Од:

Украинските сили денеска информираа дека ја повратиле контролата врз градот Авдеевка, десетина километри северно од Доњецк, што досега го држеа проруските сепаратистите и дека биле цел на нови напади од територијата на Русија.

Генералштабот на украинските операции во источниот дел на земјата соопшти дека армиксите сили водат борби и за Иловајск, град кој се наоѓа на околу 20 километри источно од Доњецк.

Откако на почетокот на месецот ја повратија контролата врз бунтовничкото упориште Славјанск, украинските сили постепено напредуваат кон големите градови во регионот кој го држат сепаратиститеж – Доњецк и Луганск. Во последните денови тие ја засилија офанзивата во реонот меѓу двата града и во близина на границата со Русија, која Киев и Западот ја обвинуваат дека ги снабдува сепаратистите со оружје.

Украинскиот Генералштаб потеницура дека нивните војници немале ниту една жртва во текот на минатата ноќ, иако биле подложени на мноштво напади, а најмногу синоќа кога „од руска територија бил извршен артилериски напад врз граничниот премин Довжански“.

Утринава украинските сили биле нападнати од седум тенка, придружувани од возила, што ја преминале руско-украинската граница во близина на селото Добровка југоисточно од Доњецк.

Во борбите во Луганск во последното деноноќие загинал еден цивил, соопштија сепаратистите. Сепаратистичките лидери во Доњецката област информира за 19 убиени во борбите меѓу украинските војници и проруските сепаратисти. Според сајтот на управата, во текот на последното деноноќие во болниците во регионот биоле донесени 31 рането лице.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми