Украинската армија го блокираше главниот пат кон градот Славјанск, кој е упориште на проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.
Војниците поставиле блокада на 2 километри од Славјанск, прекинувајќи го патот кон регионалниот главен град Доњецк. На блокадата се гледаат седум оклопни транспортери.
– Градот е целосно опколен, потврди портпаролката на сепаратистите Стела Хорошева.