Унгарија приведе 32 Украинци кои илегално ја преминале границата во Закарпатската област, изјави денеска портпаролот на Украинската државна гранична служба, Андриј Демченко, пренесува Киев Индипендент.
Потврдата за приведувањето дојде по информациите дека камион Газ-66 ја преминал границата на делницата Косино и Велики Бихан и влегол во Унгарија во неделата. Украинските граничари привеле неколку мажи кои би можеле да бидат вмешани во нелегално преминување на границата, додаде Демченко.