Украинци: Користиме партизанска тактика

Од:

Покрај тврдењата дека офанзивата на укринската војска на југоисток на државата претрпела неуспех, еден од лидерите на партијата Татковина и пратеник во Врховната Рада, Сергеј Соболев рече дека армијата користи герилски метод за борба против сепаратистите.

-Нашите вооружени единици искористија партизанска метода и директно влегоа во делови, кои моментално ги контролираат единици на руската армија и сепаратисти- рече Соболев во намера да објасни од каде руски знамиња се најдоа на укрински воени возила, пренесуваат украинските медиуми.

Тој се повика на информациите кои, како што рече ги добил од Министерството за одбрана, демантирајќи дека оклопни возила на украинската војска паднале во раце на проруската „народна полиција“.

Заменикот на актуелниот премиер на Украина, Виталиј Јарем соопшти дека владата ги проверува информациите за премин на украински војници на спротивната страна.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми