Украина во недела избира нов претседател

Од:

Жителите на Украина со право на глас во недела треба да излезат на гласачките места за да го изберат новиот украински претседател.

Во трка за претседателската функција се 17 кандидати, но главни фаворите се независниот кандидат Петро Порошенко, кој е подржан од партијата УДАР на Виталиј Кличко, потоа поранешната премиерка Јулија Тимошенко од партијата Татјковина и пратеникот Серхиј Тихопко од Партијата на регионите.

Според аналиитчарите, главни дилеми во пресрет на овие избори е дали тие би можеле да завршат уште во првиот круг, дали Москва ќе ги принзае резултатите и дали тие ќе придонесат за стабилизација или уште повеќе ќе ја дестабилизираат состојбата во земјата.

Аналитичарите проценуваат дека Порошенко би можел да победи уште во недела имајќи предвид дека многумина во сепартистичкиот регион Донбас нема да гласаат, што дополнително ги зголемува неговите шанси да биде избран за претседател во првиот круг.

Сепак, според многумина од шустинско значење ќе биде каков став ќе заземе москва кон новиот претседател

Политичкиот консултант Пјотр Милосердов смета дека на крајот Москва сама ќе избере кого суштински да го признае за формален лидер на Украина.

– Ова, од прилина што не е јасно какви надлежности ќе има новоизбраниот претседател. Несомнено, Украинците ќе избираат лидер кој ќе ја дели власта со Врховната рада, појаснува Милосердов, додавјќи дека се сомнева оти новиот претседател ќе биде „фигура број еден“ во државата.

– Можеби тоа ќе биде премиерот или претседателот на Парламентот, оценува тој.

Политикологот Сергеј Маркедонов смета дека многу значајно ќе биде и дали новиот претседател покрај од странство, ќе биде прознат и од украинската „улица“, односно како ќе го прифати резултатот активниот дел од населението.

Дури да поминат без проблем на тој план, изборите сами по себе си нема да ја решат украинската криза, тврди Маркедонов. Според него, дури и сите да го поддржат претседателот, во моментов се формира нова политичка реалност во Украина и идниот шеф на државата најверојатно ќе биде посредничка фигура.

– Иако Порошенко не изгледа за најсоодветен, тој не страда ниту од „царизам“ ниту од „нарцизам“. Но, како ќе се формира оваа нова реалност – засега никој не знае, додава Маркедонов.

Некои аналитичари ја споредуваат денешна Украина со Русија во текот на мај 1917 година, што би можело да сугерира дека е можен нов „црвен октомври“, односно нова „октомвриска револуција“.

Според шеф на Институтот за политички истражувања, Григориј Добромелов,  руското раководство би сакало процесите во Украина и натаму да потсетуваат на хаос од среден обем, без да дојде до крајност.

– Кремљ со задовоство би ја видел Тимошенко на претседателската позиција, бидејќи е исклучено дека таа ќе донесе ред во земјата. Зошто Москва сака хаос? Па затоа што Русија се уште нема јасна стратегија во врската со Украина, смета Добромелов.

Тој гледа скептично и на можноста на кардинални промени во Украина по изборите. – Не гледам ниту нови политичари, ниту пак нови пристапи, додава Добромелов.

Дали експертите се во право или грешат ќе покаже времето и тоа во најблиска иднина: украинските избори ќе се одржат оваа недела и ќе одговорат на некои прашања. Ако не самите избори, тогаш на нив треба да одговори новиот претседател. Кој и да биде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми