Украина: Седум цивили и седум украински војници загинале во изминатото денониќие

Од:

Намјалку седум цивили во Доњецката и Луганската област и седум украински војници загинале, а десетина се повредени во изминатите 24 часа, јавија денеска руски и украински медиуми.

Најмалку четири цивили загинале во артилериска стрелба која е отворена врз предградие во Доњецк, Марјинка, во која се наоѓаат единици на сепаратистите.

При тоа оштетени се и неколку претпријатија и систем за пречистување вода, поради што во тоа место нема вода за пиење.

Претставници на самопрогласената Доњецка народна република наведоа дека украинската војска пукала и врз станбеи квартови и е погоден дом за деца без родители.

Ситуацијата во Луганск и натаму е напната и според соопштението на градските власти, загинале три лица, а повредени се 11, кога се погодени обласен воен комесаријат и онколошки диспанзер.

Според украински медиуми, во текот на ноќта проруски сили на истокот на Украина извршиле повеќе минофрлачки напади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми