Украинските власти денеска изразија надеж дека ќе спасат уште повеќе цивили од нападот на руската војска, со тоа што ќе воспостават девет хуманитарни коридори за бегство, јави ДПА.
Меѓу нив е и нов обид за евакуација на опколениот пристанишен град Мариупол.
-Од Бердјанск, на околу 70 километри, конвој со тони помош, повторно се обидува да стигне до тешко оштетениот град, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.
Во текот на вчерашниот ден имаше информации дека поголем број на цивили успеале да го напуштат Мариупол за првпат, откако градот е под интензивно руско бомбардирање. Но, хуманитарниот конвој не успеа да влезе.
Извор: МИА