Украина: Револуцијата издиша

Од:

Една година по почетокот на активните протести во Киев кои доведоа до отстранувањето на претседателот Виктор Јанукович, движечката сила на превратот во Украина – движењето Десен сектор – изгледа ги исцрпе сите свои ресурси. На 17 септември, 300 негови активисти се собраа пред канцеларијата на Петро Порошенко со барање да го поништи донесениот тие денови закон кои им дава специјален статус на некои реони во Донбас, и со тоа се потврди фомирана во моментов фронтовата линија во југоисточна Украина. За разлика до акциите во текот на јаниари и февруари, денешната конфронтација е толку слаба што нема шанси да се закани на власта, ниту пак да постигне нешто позначајно.

По случувањата пред Врховната Рада на 16 септемрви по истиот повод, а и со цел да се подржи прокетот за законот за лустрација, Десен сектор објави дека ги „мобилизира“ своите симпатизери за борба против законот за специјален статус на територите под контрола на „народните републики“. Но ништо не се постигна. Прво, во акцијата се вклучија многу малку луѓе – малку и за Украина, малку и за Десен сектор. Второ, претседателот Петро Порошенко воопшто не пројави интерес да разговара со националистите – до таму што тој сметаше дека е поважно да отпатува во официјална посета на Канада. Ова занемарување на силата која буквално ја контролираше украинската престолнина во текот на февруари и март, покажува дека војната и мобилизацијата ги истенчија ресурсите на оваа организација: таа ги испрати сите колку-толку способни активисти на југоисток – да војуваат во составот на Доброволниот батаљон.

Ако ситуацијата во Украина се врати во мирни води, ролјата и значењето на Десен сектор меѓу другите сили во украинската политика се повеќе ќе се намалува. Уште на претседателските избори во мај, движењето на Дмитро Јарош собра едвај еден процент од гласовите. Денес електоратот не е толку активен, чувството за надвисната опасност се губи, луѓето се навикнаа да живеат во услови на тлеечки конфликт. Следствено на сето ова, и радикалите се помалку се барани.

На политички план, секторот е анахронизам на украинската сцена и тенденцијата е сите што е можно побрзо да се одалечат од него. „Револуцијата ги јаде своите деца“. На пример, претседателот во неговата партија „Блок на Петро Порпшенко“ ги привлече националистите и ветераните од конфликтот на југоисток, со што го исцица од секторот организацискиот ресурс. И откако активноста на оваа организација заедно со „колегите“ од таканаречената самоодбрана на Мајдан беа распоредени меѓу специјалните доброволни батаљони на МВР, секторот остана без своите лостови за да може да влијае врз ситуацијата. Заканата борците „да го свртат оружјето“ и да тргнат кон Киев излезе преувеличана. Прикарпатскиот батаљон од силите на територијалната одбрана ги напушти позициите на југоисток, и практично остана во неполн состав. Земјата не ги подржа идеите за демобилизација и ги пресврте ветераните од воениот курс. На крајот, Порошенко успеа да надвладе во играта на радикалите – се истакна и како „воинствен“ претседател, и како миротворец.

Не доволно силната партија на Јулија Тимошенко, Баткившчина, сега се подготвува да ја искористи празнината која ја остава секторот, на другите радикали и на дел од ветераните, кои сметаат дека биле предадени во текот на мировните преговори. Партијата на поранешната премиерка изработи проект закон со кој се укинува специјалниот статус на дел од реоните во Донбас. Впрочем, таквата политика засега останува во кабинетите и во ходниците на парламентот. Но онаква како што ја познаваме Јулија Тимошенко, можеме да бидеме сигурни дека како што наближуваат изборите, таа ќе го “јавне“ тој протест.

Политком

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми